Вицепремиерот Арбен Фетаи, од крилото на Алијансата за Албанците предводено од Арбен Таравари, во своето обраќање до членството порача дека нема враќање назад и оти нема да дозволат враќање на ДУИ „како ништо да не се случило“.
Според него, Алијансата останува верна на идеалите и патот, кој, како што рече, „никогаш не минува преку Али Ахмети“.
Фетаи ја осуди политиката на понижување и компромиси на сметка на достоинството на Албанците, потенцирајќи дека гласот на членството е јасен и упатен кон правда и чист пат.
Поранешниот министер Азир Алиу објави дека останува во коалицијата ВЛЕН, истакнувајќи дека борбата против корупцијата и промените во општеството не се напуштаат на првата пречка. Тој смета дека излегувањето од Владата во овој момент без јасен план може да доведе до рехабилитација на старите структури од ДУИ.