Крешник Бектеши, поранешниот министер за економија веќе е во домашен притвор, откако судот во Кочани уште вчера го прифатил предлогот на обвинителството да му се замени мерката. Зад решетки повеќе не е и поранешната државна секретарка во економија, Размена Чекиќ Дуровиќ.
Два месеци тие беа во притвор во рамки на истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
За други 18 други осомничени за кои е предложено продолжување на претходно определниот притвор и куќен притвор кочанскиот суд ќе одлучува деновиве, односно најдоцна до 20 мај треба да се произнесе кога истекува рокот.
Од обвинителството вчера соопштија и дека тимот кој постапува во предметот за трагедијата во “Пулс” привршува со распитот на сведоци