Кавга за патни трошоци на пратеници од собраниска сала, се пресели низ ходниците во парламентот.
Нетрпението помеѓу народните избраници на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески и на Левица, Димитар Апасиев ескалирало во инцидент. Двајцата размениле вербални навреди на лична основа, а потоа собраниското обезбедување спречило поголем физички инцидент.
Апасиев рече дека Ристески го фатил за врат, по што тој замавнал со филџан кон него. Ристевски, пак, рече дека станува збор за немил настан што го предизвикал, како што посочи хистеричниот Апасиев, кој се обидува да глуми жртва. Ова не е прво недоразбирање помеѓу двајцата собраниски колеги.