Во интервју за „Фокус“, во врска со патот кон ЕУ, на прашањето која е алтернативата со оглед на тоа што бугарскиот спор сè уште ја блокира ситуацијата, амбасадорката на САД, Ангела Агелер, рече дека нема одговор.
„Да го имав одговорот, сè уште немаше да разговараме за ова. Не знам дали во овој момент постои алтернатива.
Високите државни лидери, премиерот, министерот за надворешни работи, министерот за одбрана и другите министерства, често се во Брисел, каде што разговараат со високи претставници на САД.
Како амбасадорка на САД, цврсто верувам дека Северна Македонија припаѓа во ЕУ. Географски, политички и стратешки, тоа има смисла“, истакна таа, додавајќи дека одлуките, без разлика колку се тешки, мора да се донесат.