Стоилковиќ присуствуваше на настанот по повод Денот на победата во Скопје

Потпретседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците. Иван Стоилковиќ денеска остварил работна средба со делегација од Република Србија, предводена од министерот за култура Никола Селаковиќ.

На средбата присуствувала и српската амбасадорка Невена Јовановиќ, соопшти Министерството за односи меѓу заедниците. Во рамки на средбата биле разгледани повеќе актуелни прашања од заеднички интерес, со потенцијал за натамошно зајакнување на пријателските и традиционално добри односи меѓу двете земји.

Посебен акцент бил ставен на унапредувањето на стратешката соработка и развојот на партнерства во различни области, особено во контекст на капитални инвестиции и реализација на заеднички проекти од стратешко значење.

Двете страни размениле мислења и ставови и за тековните политички и економски состојби во двете држави и регионот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*