Скопска апелација ја прифати жалбата на Обвинителството и на дел од осудените за трагедијата во Ласкарци од пред шест години им ги зголеми казните. На Дурмиш Белули, сопственикот на „Дурмо турс“, Апелација му изрече 10 години затвор, првично доби казна од 4 години.
Одговорниот за транспорт, Ремзи Мифтари доби иста таква 10-годишна затворска казна, а во прв степен му беше изречена 6-годишна. На возачот Маноил Трифуноски му е потврдена казната затвор од 14 години, а во казната ќе му биде пресметан и домашниот притвор. На вработените во станицата за технички преглед, затворската казна им е зголемена од 5 на 7 години.
Еден само останува на првостепената казна од 5 години затвор. Роднините на загинатите и повредените се упатени на барање отштета во парница пред Граѓанскиот суд.