ВРЕДИ не го сака веќе Таравари во Владата. Изет Меџити му порача на премиерот Мицкоски дека повеќе нема простор за средби со лидерот на Алијанса за Албанците, бидејќи тој го погазил дадениот збор кој е еден од главните столбови на кодексот на честа кај Албанците.
„Кога ќе се скрши дадениот збор, се крши и лебот. И лебот што се крши, не се лепи. Ниту со последователни средби, ниту со месечни рокови“, вели меѓу другото Меџити во својот статус.
Од Европскиот фронт, пак, сметаат дека учеството на ВРЕДИ во власта е понижувачко и подредено и затоа според нив, излезот се предвремени избори. По средбата со Таравари, премиерот Мицкоски најави дека ќе се сретнат уште еднаш за месец дена.
Таравари, пак, ќе има консултации со своето раководство. Во врска со претстојните локални избори, од Европски фронт најавуваат дека ќе одат со заеднички настап односно заеднички листи.