Отфрлена иницијативата на Европскиот фронт за надзорна дебата за пожарот во Кочани

На денешната собраниска Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците не помина иницијативата на коалицијата Европски фронт за одржување надзорна расправа за истрагата за трагедијата во Кочани.

За Иницијативата гласаа четворица членови на Комисијата на политичките партии од Европскиот фронт и СДСМ. Пратениците-членови на ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН истакнаа дека тоа што не гласаа не значи дека се против одржување на надзорна расправа, туку се за опфаќање и на сите други претходни трагедии како Модуларната болница во Тетово, „Беса транс“.

Потенцираа дека додека има активна истрага за случајот во Кочани, Собранието не би било добро да одржи надзорна расправа оти, тоа, како што нагласија, би било како вршење притисок и мешање во овој процес.

Потенцираа дека тие лица кои во минатиот мандат блокирале и не правеле кворум во Анкетната комисија да се расправа за трагедиите во модуларната болница и „Беса транс“ да побараат да се расправа за трагедијата во Кочани.

Пратениците од СДСМ нагласија дека не е време за собирање политички поени во вакви трагедии каде животот гоизгубија 61 лице и околу 200 повредени.

Пратениците од Европскиот фронт рекоа дека со тоа што не беше изгласана потребата за одржување на надзорна расправа власта покажува, како што посочија, дека не е гласот на народот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*