Корупцијата длабоко вкоренета во сите земји во регионот, покажуваат анализите

Деведесет насто од луѓето на коишто им е побарано мито, дале пари за да добијат некаква услуга. Анализата на МЦМС покажува дека корупцијата е длабоко вкоренета во сите земји од регионот, а не е поштедена ни Македонија.

Освен тоа, во последните години актуелен е и феноменот на заробени институции, кој ја поткопува довербата во правната држава. Оддалечувањето на земјите од евроинтегративните процеси го зголемува ризикот од корупција, покажува истражувањето.

Укажа на потребата на натамошен напредок на законската рамка, дефинирање на конкретни цели, како и дека се потребни политички решенија на највисоко ниво. Сепак, нагласи Нупнау, ова е задача на целото општество.

Заклучок на конференцијата посветена на борбата против корупцијата е дека состојбата на ова поле е влошена во последната декада и затоа е потребен интерактивен пристап меѓу институциите, граѓанскиот сектор и Владата за да се подобрат состојбите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*