ДКСК детектира низа ризици во однос на издавање лиценци за објекти

Државната комисија за спречување на корупција на денешната седница го разгледуваше извештајот од спроведената проверка на легислативата на одредби кои се однесуваат на издавањето на лиценци, одобренија, дозволи за работа на угостителски објекти при што утврди низа ризици.

ДКСК ја почна проверката на законите по трагедијата со пожарот во Кочани.

ДКСК утврдила дека се врши упис во регистар на угостителски објекти без претходна проверка дали ги исполнуваат минимално потребните техничките услови. Ризикот се состои во тоа што постапката е само формално завршена, што може да има последици по здравјето и безбедноста на гостите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*