Во петокот, за пожарот во Кочани, Основното јавно обвинителство во градот поднесе предлози за продолжување на мерката притвор и куќен притвор за сите осомничени во случајот.
Но, предложи мерката притвор за три лица, двајца вработени во Државниот пазарен инспекторат и едно лице кое работеше на обезбедувањето во ноќниот клуб „Пулс“ да се замени со домашен притвор.
Од Управата соопштија и дека продолжуваат истражните активности во повеќе правци и на повеќе институции.