Филипче вели дека земјата во моментов е целосно заглавена на патот кон ЕУ

“Сметам дека државата во овој момент е целосно заглавена. Владата апсолутно ништо не прави по однос на евроинтегративниот процес, дојдоа на власт со помпезна најава дека ќе ја менуваат Преговарачката рамка, гледаме дека очигледно тоа не се случува”, изјави лидерот на СДСМ Венко Филипче.

Она што загрижува, според Филипче, е влошувањето на односите со соседите, што, како што нагласи, не е во духот на Европа и добрите меѓусоседски односи.

“Не гледаме никаква активност во тој дел од МНР. Некои посети на Австралија, кои што немаат никаква врска со најважната тема во овој момент за државата, а тоа е европската иднина. Не знам што е планот и идејата, се надевам дека имаат некаков план и нешто се работи, макар и зад кулисите”, изјави Филипче.

Потсети дека побаравме собраниска средба за претставниците на Владата и МНР да кажат што се работи и дали имаат поддршка за тоа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*