Суспендираниот шеф на Вишото обвинителство во Скопје, Мустафа Хајрулахи, ја критикуваше одлуката на Наташа Крстевска Чалева, обвинувајќи го главниот јавен обвинител Љупчо Коцевски дека сака да им угоди на обвинителите на сега веќе непостоечкото Специјално обвинителство (СЈО).
Како што напомена, Коцевски, во обид да спаси неколку обвинители на СЈО од нивните криминали во сега веќе непостоечката институција, си ја запечатил сопствената кариера.
„Очигледна е сервилноста на Советот на јавни обвинители. Токму од тие причини, повеќе од неопходно е да се реформира и тоа тело, кое е зафатено од ракот наречен „СЈО““, истакна Хајрулахи.