Силјановска Давкова: Членовите на Советот не се избираат да бидат „мајстори за скандали“

По поднесените интерпелации во Собранието, претседателката Сиљановска-Давковка вели дека ова, иако не повлекува директни оставки, сепак, носи етичка одговорност. Таа испрати и конкретна порака, членовите на Советот не се избрани да бидат скандал мајстори.

Очекува оставки од членовите на Судскиот совет, а веќе извесен и исходот од гласањето за нивна интерпелација. Претседателката Сиљановска Давкова вели дека 67 пратеници ја поддржале иницијативата за чие усвојување се потребни 61 глас. Но парадоксот е што интерпелацијата нема завршница вели, сепак, членовите на Судскиот совет мора да имаат голема доза на одговорност која е врзана за етиката.

Очекувањето на премиерот Мицкоски е дека пратениците ќе гласаат како што мислат дека треба. Вели, интерпелацијата на членовите на Судскиот совет е во ингеренција на народните избраници зашто тие го прават и изборот.

Пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ поднесоа интерпелација за членовите на Судскиот совет Весна Дамева, Миљазим Мустафа, Тања Чачарова-Илиевска, Павлина Црвенковска и Селим Адеми избрани од Собранието.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*