Францускиот предлог не е билатерално прашање меѓу Скопје и Софија, вели Бугаринот Георгиев

Спроведувањето на францускиот предлог ќе биде строго следено, вели шефот на бугарската дипломатија, Георг Георгиев, според кого, тоа не е билатерално прашање меѓу Софија и Скопје, туку меѓу Брисел и Македонија.

“Во однос на дебатата за подготвеноста на ЕУ со оглед на идните процеси за проширување, Бугарија има свои позиции и таа не поддржува било какви и да се разговори во однос на промена на договорите на ЕУ кои ги сметаме за апсолутно незаобиколив дел за продолжување на тие процеси. Во 2022 година постигнат е европскиот консензус (францускиот предлог) кој строго ќе се следи.

Секоја земја мора да ги почитува критериумите, да се придржува до нив. Членството во ЕУ се заснова на сопствените заслуги. Бугарија и владата остануваат апсолутно цврсти и посветени на овој пристап”, изјави Георгиев.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*