Продолжуваат дејствијата произлезени од случајот со 20-годишниот Васил Јованов, приведениот поради сомнение дека на 29 јануари бил зад воланот во сообраќајната несреќа во која загина 22-годишната пешачка Фросина Кулакова.
Судијките Данка Ристова и Антоанета Димовска, како и Тања Цацарова-Илеивска, која е од редот на адвокатите, ќе бидат дел од комисијата на Судскиот совет што ќе врши увид во случајот во кој судијката Даниела Алексовска-Стојановска одлучи да го испрати Јованов во воспитно-поправен дом за предметот дрога.
Пресудата не е правосилна, односно процесот во моментов е пред Апелација.