Премиерот Христијан Мицкоски во четвртокот во изјава за медиумите го критикуваше судството, вклучително и Судскиот совет.
„Граѓаните не се задоволни од начинот на кој функционира судско-обвинителскиот систем кај нас“, рече тој, опишувајќи го како мочуриште во кое имало многу контроверзии и скандали.
Според премиерот, иако не може да има целосно распуштање на Советот и не може да се откријат аномалиите за краток временски период, може да се избере состав на таа институција што ќе може објективно, без „партиски пороци и интереси“ да го расчисти „ова мочуриште“ и на некој начин ќе следи како постапуваат судиите и какви одлуки носат.
Според премиерот, иако во случај на успешна иницијатива за гласање недоверба на членовите на Советот избрани од Собранието, тие ќе можат да продолжат да бидат дел од членството, тој се надева дека ќе имаат доблест и ќе се повлечат.