Повик за национално обединување и следење на Делчевата идеологија – ова се пораките кои беа испратени од чествувањето на 153 годишнината од раѓањето на најголемиот македонски револуционер, Гоце Делчев.
Неговото дело да биде сочувано – повика премиерот Мицкоски кој ја предводеше владината делегација на гробот на Делчев во „Св.Спас“.
Делчев е наш великан и дел од македонскиот идентитет – рече премиерот.
Претседателот на СДСМ Филипче, во духот на одбележувањето на делото на идеологот на македонската борба за слобода, повика да ги надминеме разликите, да се обединиме за националните интереси и заедно да се бориме за попросперитетна Македонија.
Во црквата „Св.Спас“ се одржа панихида. Ниту премиерот, ниту претседателката не се одзваа на поканата на официјална Софија за присуство на утрешниот концерт во чест на Делчев.
Црквата “Св.Спас” во текот на денот е отворена за посета на граѓаните кои сакаат да му оддадат почит на апостолот на македонската борба за слобода Гоце Делчев.