Филипче верува дека САД можат да помогнат на патот кон ЕУ

“Соединетите Американски Држави се наш докажан, најдобар и најголем стратешки партнер, и кога ги гледате изминатите години, повеќе децении се наши партнери во донесувањето на сите одлуки во корист на државата, а тоа е секако и во корист на граѓаните”, рече претседателот на СДСМ Венко Филипче во интервју за Радио Слободна Европа.

Тој потсети дека Преспанскиот договор беше потпишан за време на првиот мандат на претседателот Трамп и очекува дека САД можат да помогнат во македонскиот пат на евроинтеграции, преку нова форма на стратешкото партнерство.

“Искрено се надевам дека може да сметаме на таа веќе традиционална соработка, поддршка од САД, потпишани се повеќе договори и официјални за стратешка соработка и стратешко партнерство. И еден предлог за размислување на владата. Во рамките на договорот за стратешки дијалог да најдеме форма во која САД конкретно би ни помогнале во делот на преговорите или во откочувањето. Нека се обидат и во тој дел да направат нешто, и не се сомневам во поддршката која ја добиваме од САД”, истакна Филипче.

Тој предупреди дека на чело на многу клиники се поставени директори без потребното искуство, што дополнително го влошува функционирањето на здравствениот систем.

“Донесени се и поставени менаџери или директори на клиниките коишто немаат искуство како тоа се прави. Има директори на клиники коишто ниту оперираат на хируршките клиники, немаат ниту една операција како се поставени на функција, а ги водат стручните колегиуми. Има директори коишто се пишуваат за дополнителни дежурства да земат само пари, без физички да бидат присутни на ниту едно дежурство на клиниките”, посочи Филипче.

Истакна и дека хаосот во здравствениот сектор најдиректно ги погодува пациентите, кои се соочуваат со долгoчекани термини и недостиг на лекови.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*