Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози.
Намалена видливост до 30 м поради појава на магла има на патниот правец с.Гајре-Попова Шапка и до 100 м кај Маврово и Стража.
На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.
ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.
Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ се постојано на терен со 172 специјални возила за одржување на патишта и ги одржуваат сите патни правци проодни.