ВМРО-ДПМНЕ на почетокот на февруари ќе ја започне процедурата за внатрешни гласања за локалните избори

“На почетокот на февруари ќе ја започнеме процедурата со интерните анкети за избор на можни кандидати за градоначалници за претстојните локални избори и успешно ќе ја завршиме”, посочи денеска од Кочани премиерот Христијан Мицкоски.

“Се уште не сме почнале со реализирање на анкетите. До сега траеше внатрешно партиската и внатрешно коалициската процедура за номинирање на личности”, рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање по денешното доделување клучеви од новата зграда наменета за социјално ранливите семејства во Општина Кочани.

“Како претседател на партијата и Извршниот комитет го задржуваме правото да предложиме имиња за кои мислиме дека треба да бидат дел од овој процес на анкетирање, надвор од списокот кој е доставен од општинските комитети”, додаде Мицкоски.

Прашан дали може да обелодени некои имиња, Мицкоски рече дека не може тоа да го направи во моментов.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*