Пратеничката од Европскиот Фронт, Арбана Пашоли, го праша министерот за здравство Арбен Таравари дали ќе го одржат ветувањето дека ќе ја укинат формулацијата од 20 отсто за албанскиот јазик и ќе го официјализираат албанскиот во Уставот. Таравари побара време.
Пашоли го праша Таравари и за уставните измени.
„Ветивте и уставни измени за да го отворите патот на РСМ кон интеграција во ЕУ, но изгледа од кажаното до направеното има цела планина и за жал ги прекршивте сите рокови на кои самите се заложивте и со излегувањето со храброст да барате уште повеќе време“, запраша Пашоли.
„Седум мандати бевте на власт, од 2002 година ветивте дека ќе започнете преговори и никаде не сме. Од 2002 година 20 години ветувате и се сликавте во авион дека ќе почнеме преговори во 2018 година, дури и со овој што го имате во егзил – нон грата, бевме во дебата, го прашав дали сте сигурни дека ќе ги започнеме во 2018 година, рече еве јавно кажувам дека на 1 јуни 2018 година Македонија ќе ги започне преговорите со Европската Унија“, возврати Таравари.
За спроведување на уставните измени, Таравари му нуди на Фронтот да влезе во Владата.