Дисциплинската комисија покрена постапка против Хајрулахи и Цветановски

Дисциплинската комисија во Обвинителството поведе постапка за суспендираниот шеф на Вишото јавно обвинителство во Скопје Мустафа Хајрулахи и вишиот обвинител Јован Цветановски за сторена тешка дисциплинска повреда, соопшти обвинителството.

Постапката се поведува откако претходно тоа го побара државниот обвинител Коцевски, а комисијата ја однела одлуката по разгледување на извештаите на обвинителството и исказите на двајцата обвинители.

На вишиот обвинител Хајрулахи му биле констатирани неправилности при заведување на предмети, додека за Цветановски е посочено дека нестручно и несовесно работел бидејќи во четири предмети се откажал од жалби во второстепена постапка.

Неофицијално, се работи за повлекување жалба или обвинение во предметите: Поштенска банка, предмет против Драган Павловиќ-Латас и за незаконскиот тендер за фирмата „Серта“ што ја чистеше Владата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*