Собраниската комисија го поддржа новиот состав на Советот на Агенцијата за медиуми

Со 10 гласа ЗА, на Комисијата за избори и именувања, пратениците од власта и опозицијата консензуално ги изгласаа седумтемина членови, од кои тројца предложи ВМРО-ДПМНЕ, Виктор Павловски, Сашо Стефановски и Петар Џуровски.

Предлог на СДСМ – Гордана Мајнова, од ЗНАМ Цветанка Миновска и од коалицијата „Вреди“, Нафије Селмани и Афрона Верзиволи – несудената ревизорка која во август минатата година беше разрешена по обелоденувањето и реакцијата од Делегацијата на ЕУ дека нема искуство ниту соодветен сертификат за работа, а беше назначена за контрола на европските фондови во земјава.

За разлика од предлозите на ВМРО-ДПМНЕ, Вреди и ЗНАМ, првичниот предлог на СДСМ, Арбен Саити да биде член на АВМУ не доби поддршка од мнозиството, но откако предложија друг кандидат, тој беше изгласан.

Европскиот фронт пак воопшто не учествуваше во изборот – ја напуштија седницата бидејќи, како што изјавија, се работело за преходно наместена игра.

“За да не сме дел од сето ова уште еднаш да го изјасниме нашето противење за навлегување на политиката во медиумите, нас ни преостанува да ја напуштиме оваа седница во знак на протест”, изјави Илире Даути.

Следен чекор за официјализирање на составот на АВМУ кој го утврди комисијата е гласање на племумот со двотретинско и Бадентерово мнозинство.

Мандатот на сегашниот осстав на АВМУ е истечен уште пред 5 години, но Собранието во претходните состави не успеваше да избере нови, па нивниот мандат беше продолжен.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*