Пратениците исто така во рамки на 27. седница ја ратификуваа и Спогодбата за Инструмент помеѓу Европската Унија претставувана од Комисијата и Република Северна Македонија претставувана од Владата на Северна Македонија, за посебни аранжмани за спроведување на поддршка од Унијата за Република Северна Македонија, во согласност со Инструментот за реформи и раст.
Во согласнот со предвидената методологија на ЕУ на Република Северна Македонија ќе и бидат ставени на располагање 750,4 милони евра за период од 2024-2027 поделени во транши, при што првата транша од 51,5 милиони се очекува да се добие кон крајот на оваа година.
Општите услови за исплаќање на средствата се однесуваат на спроведувањето на фундаменталните реформи, владеење на правото, почитување на основните човекови права и слободи додека посебните услови се формулирани во рамки на Реформската.