Мицкоски ја повтори критиката за Судскиот совет

Откако новиот претседател на Советот, судијата Александар Камбовски остана на став дека пратениците не можат да разрешуваат членови на Судскиот совет и дека таква постапка единствено може да се води во самото тело, премиерот Христијан Мицкоски рече дека разрешувањето било најавено како мерка поради екстремно ниската доверба од 2% во судството и се разгледуваат сите законски опции тоа да се спроведе во Собранието.

„Рековме дека тоа ќе биде една од мерките која ќе ја преземеме во борба на подобрување на судско обвинителскиот сиситем во државата бидејќи сите ќе се сложите тој е на екстремно ниско ниво од 2 проценти. Ако не сториме ништо и гледаме од страна тогаш сме ја изневериле довербата на граѓаните“, изјави Мицкоски.

„Нелогично е тој што ги бира да не може да ги отповика посебно во услови кога не им го прифаќа извештајот за работењето. Така што ги гледаме сите овие законски можности, се разбира дека ние како Влада нема да правиме ништо што е спротивно на законот и Уставот“.

Но дел од членовите на Судскиот совет не се согласуваат дека се реални последните анкети кои покажаа ниска доверба во судството.

На денешната седница на Советот каде се разгледуваше годишниот план за јавни набавки, Селим Адеми кој е еден од членовите избрани во Собранието а во јавноста се поврзуваше со скандалите кои се случија во Судскиот совет околу предметот Таргет – Тврдина но и разрешувањет на Дамева, побара од буџетот на Советот да се издвоjат пари за анкета за доверба во судството.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*