Владата номинираше четворица нови амбасадори и покрена иницијатива за отповикување на девет актуелни

Покрај нефрологот Игор Николов, Владата на вчерашната седницата именувала уште тројца нови амбасадори.

Паралелно, како што потврдија од владината прес-служба за РСЕ, донесени се барања за покренување иницијатива за отповикување на девет актуелни амбасадори. Според информациите од Владата, како нови амбасадори на Северна Македонија ќе заминат Димитар Блажевски во Украина, Драган Ѓурчевски во Хрватска и Андријана Цветковиќ во Јапонија.

Николов, како што и претходно во текот на денот соопшти премиерот Христијан Мицкоски, ќе биде нов амбасадор на земјава во Франција.

Од друга страна, Владата вчера одлучила да почне со постапка за отповикување на деветмина актуелни вонредни и ополномоштени амбасадори. Меѓу нив иницијатива за отповикување е покрената и за амбасадорката во Бугарија, Агнеза Руси Поповска.

На оваа листа се и амбасадорите на Северна Македонија во: Босна и ХерцеговинаЈакуп Реџепи, Црна ГораЗеќир Рамчиловиќ; ЧешкаЕмил Крстевски; ШведскаЏенк Сејфила; Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна ИрскаКатерина Ставревска; БелгијаМетодија Белевски, кој е нерезидентен амбасадор на земјава и за Луксембург.

Меѓу деветмината за кои е поведена иницијатива за отповикување е и амбасадорката и постојана претставничка на Северна Македонија при Советот на Европа, Светлана Гелевева, како и амбасадорот и шеф на Постојаната мисија при Меѓународните организации, Пајо Авировиќ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*