Вељаноски, Ставрески и Пешевски меѓу советниците на премиерот

Владата ги објави имињата на 17-те советници на премиерот Христијан Мицоски.

Меѓу нив се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, кој неодамна беше амнестиран во случајот „Организаторите на 27 април“, екс министерот за финансии Зоран Ставрески и поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, кој беше меѓу обвинетите во случајот „Траекторија“ за т.н. Синохидро) случај со автопати.

Сепак, правниот процес против него престана како резултат на измените во Кривичниот законик од 2023 година. Професорот и екс-пратеник Александар Спасовски е советник на премиерот за европски прашања, а екс-амбасадорот Сашо Марковски го советува Мицкоски за надворешна политика.

Марковски е и специјален претставник во процесот на преговори со ЕУ. Меѓу другите советници се Германецот Јоханес Хајдекер.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*