“Проширувањето на ЕУ еден од приоритетите на полското претседавање и Полска е амбициозна и посветена на овој процес, изјави денеска полскиот министер за Европска Унија”, изјави Шлапка пред почетокот заседанието на Советот за општи работи на ЕУ во Брисел.
“Но, напредокот на зависи само од Претседателството. Напредокот зависи и од Комисијата, напредокот зависи и од земјите членки и секако и од кандидатите за членство”, рече Шлапка, додавајќи дека Полска има амбициозна програма во однос на проширувањето.
Тој додаде дека полското претседателство ги чека извештаите од Европската комисија и е подготвена прашањето за проширувањето да го „стави на маса“ пред Советот на ЕУ.
Шефот на бугарската дипломатија Георг Георгиев, пак, во рамки на своето прво учество на состанокот на Советот за надворешни работи, во понеделникот оствари средба со комесарката за политика за проширување, Марта Кос на која разговараа за процесот на европска интеграција на земјите од Западен Балкан, Украина и Молдавија.
“Бугарија има конзистентна политика за поддршка на европската интеграција на сите земји кандидати со строга примена на принципот на сопствени заслуги и спроведување на досега постигнатите договори”, рече шефот на бугарската дипломатија.
“Само врз основа на реални резултати и напредок може да се изгради доверба меѓу кандидатите за членство и ЕУ, што е од клучно значење за успехот на интегративниот процес”, додаде тој.