Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по на места влажни коловози.
Намалена видливост поради појава на магла од 100 – 150м. има на патните правци кои гравитираат околу градот Битола и од 20 – 30м. на патниот правец Тетово – Попова Шапка ( до с.Гајре ).
На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.
ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.
Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ се постојано на терен со 172 специјални возила за одржување на патишта и ги одржуваат сите патни правци проодни.