Амбасадата на САД од утрово ги информира сите невладини и други организации што веќе имаат добиено, па речиси и реализирано проекти во Македонија – да запрат со реализацијата и ништо да не исплаќаат, во согласност со извршната наредба на новиот претседател Доналд Трамп кој ја замрзна странската помош за сите земји, oсвен за Израел и Египет на 90 дена – пренесуваат дел од медиумите во земјава.
Ова практично е првата последица од новата администрацвија на САД, а очекувањата се дека ќе има повеќе, откако Трамп ќе почне да се справува со негативниот трговски биланс што го има со Европа.