„Многу сум задоволен. Исклучително сум задоволен. Посетата беше многу корисна“, изјави премиерот Мицкоски.
Така премиерот го оценува неговиот неколкудневен престој во САД, чија главна цел, според владините најави, беше да присуствува на претседателската инаугурација на Доналд Трамп.
“Секој оној кој ќе се бори и избори за внимание на оптиката на администрацијата на Трамп ќе влезе во таа оптика. Ние сакаме да се избориме и затоа бевме таму. Да се претставие кои сме и што сме, затоа отидовме, нема втора шанса за прв впечаток. Направивме историски средби и историска посета. Сигурен сум дека Македонија влезе во оптиката на луѓето кои имаат најгласен звук во периметарот на претседателот Трамп. Убеден сум дека по ова Македонија е дел од оптиката на новата администрација”, изјави македонскиот премиер.
Тоа што за Мицкоски се историски средби, опозицијата го нарече „скапо платена ПР-фарса без никаков бенефит за државата“.
“Тоа е политиката што ја избрала опозицијата – бев изолираниот Мицко, па слугата на овој, на оној, што се не изнаслушав во изминатите години од истите луѓе и истите структури. Она што е важно е дека посетата е направена само во интерес на граѓаните. Измислувани се какви се не хотели каде сум спиел. Тоа е само дефокус на периферна тема, ниту сум спиел таму, ниту…
Спиев во хотел со 3+ ѕвезди, а хотелот кој го прикажуваа е хотел во кој Крис Павловски организираше средба за дигитализација на Македонија”, оцени Мицкоски.