Кривичниот суд го прифати барањето за амнестија на Трајко Вељановски, Миле Јанакиески, Спиро Ристовски и Владимир Атанасовски кои беа обвинети дека ги организирале настаните во Собранието на 27 април.
„Некој ќе каже дека случајот со организаторите за настаните во Собранието паднал, па сега дека треба да се ревидира и другиот предмет со настаните во Собранието. Но, тоа не е така. Напротив предметот ниту паднал, ниту се докажа дека настаните во Собранието не се организирани, туку се побара мислост од државата за овие настани“, рече Трпков.
На останатите осудени за 27 април им порача дека не постапиле патриотски и дека треба да се срамат и да ја наведнат главата и побараат прошка од државата, бидејќи биле изманипулирани.
„На крајот ќе произлезе дека осудените лица за настаните од 27 април, 2017 година сами се организирале и сами размислиле дека треба да влезат во Собранието и да кршат и тепаат. На сите ни е јасно, но и на осудените лица дека тоа не е така дека некој ги организирал за да влезат во Собранието. Не може да се случи да се пробие полициски кородон на кошаркарски натпревар, а не на полициски кородон пред Собранието пред кое повеќе денови се протестираше и полицијата беше подготвена за интервенција“, рече Трпков.
Според адвокатот Еленко Миланов, воопшто немало постапка за организаторите за 27 април.
„Овој предмет во однос на делот од лицата кои ги застапував чив сум бранител не можеше и не смееше ниту да биде поведено ниту да одобрен обвинителниот акт ниту да стапи на сила и да трае сите овие години“, изјави адвокатот Еленко Миланов.