„Ништо повеќе да се додаде од она што веќе го кажа премиерот“, вели Владата како одговор на реакцијата на Грција

Премиерот Христијан Мицкоски одговори дека е зачуден зошто има реакција од Грција по негова изјава дадена пред Македонците во Њу Џерси бидејќи „од каде тие се почувствувале повикани кога никој не беше споменат во таа моја изјава“.

Тој во интервју за МТВ даде коментар за последните грчки реакции и рече дека не ја разбира реакцијата на грчкото министерство за надворешни работи на неговата изјава од Њу Џерси, САД, дека „треба да победуваме и во Вашингтон, Брисел, Берлин, Лондон, Париз, Рим и други светски метрополи ако сакаме македонското прашање конечно да добие своја разврска, бидејќи тоа не е решено, тоа со векови тлее и трае и сè уште постои“.

Мицкоски додаде дека немало да бидат испровоцирани.

„Немаме што да додадеме повеќе од она што веќе го кажа премиерот“, рече во четвртокот владината портпаролка Марија Митева, запрашана за реакцијата на грчкото МНР на коментарите на Христијан Мицкоски дека македонското прашање се уште е нерешено, дадени при посетата на Њу Џерси.

И Министерството за надворешни работи на Северна Македонија не планира да одговори на реакцијата на Грција.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*