Министерство за правда: Интензивна работа на прашањето за измени на Законот за Судскиот совет и Кривичниот законик

Министерството за правда информира дека интензивно работи на измени на Законот за Судскиот совет и Кривичниот законик, укажувајќи дека во изминатиот период се формирани работни групи за изготвување на предлог измените и дека очекува во најскоро време работните групи да излезат со предлог законски решенија.

За претседател на работната група за изменување и дополнување на Законот за Судски совет именувана е Мирјана Лазарова Трајковска, судија во Врховен суд на РСМ.

Членови на работната група се Денис Прешова, вонреден професор на Правен факултет „Јустинијан Први” – Скопје; Александра Деаноска Трендафилова, професорка на Правниот факултет ,,Јустинијан Први” – Скопје; Александар Камбовски, Претседател на Судски совет на РСМ; Аритон Ала, член на Судски совет на Република Северна Македонија; Зоран Герасимовски, судија во Апелационен суд Скопје; Исмета Амет, судија во Виш управен суд на РСМ; Ивана Петковска, претставник на БЛУПРИНТ групата на граѓански организации; Јелена Кадриќ, претставник на БЛУПРИНТ групата на граѓански организации; Александра Цветановска, посебен советник на министер во Министерство за правда на РСМ и Николина Микеска Костадиновска, раководител на сектор правосудство, Министерство за правда на РСМ.

За претседател на работната група за изготвување на предлог измени на Кривичниот законик именувана е Д-р Александра Деаноска Трендафилова, професор на Правен факултет ,,Јустинијан Први,, – Универзитет ,,Св.Кирил и Методиј,,- Скопје.

Членови на работната група за измени и дополнувања на кривичниот законик се Цветанка Периќ, судија во Врховен суд на Република Северна Македонија; Елвин Вeли, јавен обвинител во Јавно Обвинителство на Република Северна Македонија; Даниела Алексовска Стојановска, судија во Основен кривичен суд Скопје; Владимир Туфегџиќ, адвокат; Жарко Хаџи-Зафиров, претставник на БЛУПРИНТ група на граѓански организации и Никола Прокопенко, државен советник за казнено законодавство во Министерство за правда на РСМ.

Носењето на нов закон за Судски совет е врзано со реформската агенда на ЕК за раст на Западен Балкан и треба да биде донесен до јуни годинава. Паралелно со измените на КЗ, тече постапката и за нов Кривичен законик, кој како што претходно информираа од МП е завршен и чека мислење од Европската комисија по што ќе биде доставен во владина и собраниска процедура.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*