Претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова, очекува продлабочување на партнерството и пријателството меѓу двата народи.
„Под вашето почитувано претседателство, ние цврсто веруваме дека врските меѓу македонскиот и американскиот народ ќе бидат силно зајакнати, создавајќи подлабоки дипломатски, економски и културни врски кои ќе ја поттикнат регионалната стабилност и зацврстување на нашите заеднички вредности и интереси“, напиша Сиљановска.
Во честитката на Сиљановска Давкова до Трамп на социјалната мрежа X, уште се вели, дека ги подржува неговите напори за ставање крај на конфликтите во светот.
„Ви ги упатувам моите најтопли честитки за вашиот историски избор за 47-ми претседател на Соединетите Американски Држави. Огромната поддршка од американскиот народ ја одразува нивната доверба во вашето лидерство и визија, доверувајќи ги своите надежи на вашето раководство за раст и просперитет на нацијата.
Претседателството ќе започне златна ера на напредок, единство и успех, каде што оптимизмот ги поттикнува иновациите, ја зајакнува економијата и ги зајакнува вредностите кои ги прават Соединетите Американски Држави глобален светилник. Ние сме длабоко инспирирани од вашата решителна посветеност за поттикнување на глобалниот мир и сме целосно посветени на поддршката на вашите одлучувачки напори за ставање крај на конфликтите и промовирање трајно разбирање преку границите“, додава Сиљановска.
Честитки упати и минитерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски. „Честитки за изборот на Доналд Трамп за претседател на Соединетите Американски Држави. Пред нас е период на цврсто партнерство, зајакнати политички и економски односи, како и заеднички напори за градење мир и просперитет во светот“, рече Тимчо Муцунски, минитер за надворешни работи.
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, напиша дека САД, не само што претставуваат одлучувачки фактор во глобалните политики, туку и непоколеблив сојузник на Северна Македонија.
Тој заедно со претставници на коалицијата „Вреди“ е во Вашингтон.
„Заедно со претседателот на Алтернатива, Зеќирија Ибрахими, и заменик пртседателот на Владата, Изет Меџити, тука сме за да ја докажеме сериозната посветеност во зајакнувањето на ова сојузништво. Со нетрпение чекаме да ја продлабочиме соработката во остварувањето на нашите заеднички заложби за зајакнување на мирот, безбедноста и демократијата. Честитки до претедателот Трамп, неговата администрација и американскиот народ“, напиша Гаши.
И, лидерот на СДСМ, Венко Филипче очекува продолабочувње на врските меѓу двете држави.
„Убеден сум дека под негово водство, стратешкото партнерство меѓу САД и Северна Македонија ќе продолжи и ќе се продлабочи. Северна Македонија и Соединетите Американски Држави имаатдолгогодишни врски на пријателство и соработка, и верувам дека тие ќе се развијат уште повеќе, кон наш взаемен напредок и благосостојба“, вели Филипче.