Нема сомнеж за иднината на шест земји од Западен Балкан, Украина и Молдавија се во ЕУ, вели Коста

На пленарната седница на Европскиот парламент во средата, претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, во врска со проширувањето рече дека шесте земји од Западен Балкан, Украина и Молдавија работат напорно за да ги исполнат своите обврски.

„Ние сме целосно посветени на проширувањето како најголема геополитичка инвестиција за мир и безбедност, за нашиот народ и нашиот континент. Ова беше централна тема и на самитот за Западен Балкан со кој претседавав еден ден пред Европскиот совет.

Шесте земји од Западен Балкан, Украина и Молдавија работат напорно за да ги исполнат своите обврски. Нема сомнеж дека иднината на овие земји е во нашата Унија. Време е да ги исполниме нашите ветувања како што тие ги исполнуваат своите“, истакна тој.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*