Комесарката Кос повторно вели дека проширувањето е процес заснован на заслуги

На дебатата на Светскиот економски форум со наслов „Прошири до просперитет: Дали Европа ќе расте?“, комесарката Марта Кос повторно рече дека проширувањето е процес заснован на заслуги.

Како што истакна таа, кога станува збор за коментарите дека земјите од Западен Балкан чекале толку долго за да влезат во ЕУ, не се работи за тоа колку долго траело чекањето, туку е прашање на нивната политичка волја и колку се во позиција за испорачување.

ЕУ внимателно следи, нагласи комесарот за проширување, што се случува во земјите кандидати, кои, генерално кажано, имаат обврска да исполнат одредени услови според принципот „земи или остави“.

Понатаму, комесарот Кос ја подвлече важноста на владеењето на правото во земјите аспиранти.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*