СДСМ обвинува за непотизам, Томовски ги отфрла обвинувањата

„На повидок е голем роднинско-корупциски скандал поврзан со работата на директорот на СОЗР, Ивица Томовски. Тендер вреден 3,5 милиони евра добила фирма во која роднина на директорот Томовски станува раководител на подружница од истата фирма во ек на самата тендерска постапка“, тврдат од СДСМ приложувајќи и документи на денешната прес-конференција.

Според СДСМ, СОЗР, орган во рамки на Владата склучила договор за обезбедување на државните објекти со компанијата „Праеториан ДООЕЛ“, вреден 3,5 милиони евра.

Од партијата велат дека Огласот за тендерот бил распишан на 10 октомври 2024 година и до тогаш, компанијата е во сопственост на Тадеуш Јарчев, а управител е Анета Јарчева. Но, само осум дена подоцна, во ек на огласот, односно на 18 октомври, Власе Танаскоски, роднина на Томовски, влегува во „Праеториан ДООЕЛ Скопје“.

Регистрирана е подружница во Охрид и за нејзин раководител е избран токму роднината на Томовски, Власе Танаскоски. Адресата на подружницата се совпаѓа со седиштето на компанијата „Гашо Пласт“, чиј сопственик е уште еден близок роднина на истиот функционер, велат од СДСМ и додаваат дека ова е класичен пример за злоупотреба на функцијата и директен конфликт на интереси.

СДСМ бара итна реакција од Антикорупциската комисија, Јавното обвинителство и сите надлежни институции. Неопходно е целосно да се истражи случајот и да се утврди одговорноста за овој скандал.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*