Премиерот Мицкоски се сретна и со Спиро на Тетер и Пејкоф постариот од Нијагара Ботлинг

Премиерот Христијан Мицкоски во вторник на социјалните мрежи во рамки на посетата на САД соопшти дека остварил средба со Џеси Спиро, шеф за владини работи во Тетер.

„Разговаравме за крипто пазарот, иднината на криптовалутите и блокчејн технологијата. Секоја инвестиција во Македонија од Tether и искуство споделено од најголемите во нивната област е добредојдено. Мораме да направиме огромни чекори напред. Не смееме да ги игнорираме предизвиците на иднина и да останеме заобиколени, туку треба да бидеме дел од нив за Македонија да биде горда и повторно ваша“, порача премиерот во објавата.

Мицкоски, исто така, рече дека имал срдечен разговор со основачот и претседавач на Нијагара Ботлинг, македонско-американскиот бизнисмен Ендрју Пејкоф постариот.

„Инвестициите на Niagara Bottling во Македонија се добредојдени. Македонската дијаспора е клучен елемент во системот во смисла нашиот глас и аргументи да станат појасни и посилни низ светот“, рече премиерот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*