Мицкоски се среќава и со Ричард Гренел

За време на посетата на САД, во Вашингтон, Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски оствари повеќе активности и средби со истакнати личности од американскиот политички, општествен и економски живот.

Тој се сретна и со Ричард Гренел, нов претседателски пратеник за специјални мисии и политика.

За средбата Мицкоски истакна: „Разговаравме за актуелните случувања, за предизвиците со кои се соочуваме како држава и нашето остварување на стратешките интереси врзани со членството во Европската Унија. Воедно побарав поголемо ангажирање од нашите стратешки партнери на тој план, како и искористување на потенцијалите на економски план. Се бориме за секој интерес на државата“, посочи Мицкоски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*