Наместо двојазични, во областа на детската заштита ќе се издаваат лиценци на македонски јазик за сите, а доколку некој побара, ќе добие и лиценца плус, на албански јазик.
Ова се измените на Законот за заштита на децата за кои владеачкото мнозинство постигна согласност, откако пред 20-тина дена, претседателката Сиљановска не го потпиша указот и побара доработка. Лиценците ќе се полагаат по електронски пат, а по потреба, кога електронскиот систем не е во функција, и писмено.
Ова е прифатливо и за коалицијата „Вреди“. Амандмани предлагаат и од Левица кои бараат во член 9 став 2, зборовите „на јазикот што го зборуваат 20% од граѓаните да се сменат со зборовите „на еден од службените јазици и нивните писма во зависност од мајчиниот јазик на кандидатот“, додека во членот 10, оваа реченица целосно да се избрише.