Раде Трајковски и други уапсени во полициска акција

За време на полициска акција против криминална банда која продавала дрога во Скопје, уапсен е Раде Трајковски (познат како Штекли).

При претресите, пронајдени се и одземени се 325.000 денари, 3.995 евра, четири автомобили, 12 мобилни телефони, еден пиштол марка „зораки“ 9 мм, 22 куршуми, пет дигитални ваги, неутврдена количина бела прашкаста материја, пластична мешалка, метална лажичка за дозирање, фолија за пакување, две дробилки, еден видеорекордер, едно УСБ, а предметите ќе бидат дел од доказите против наркогрупата.

Од МВР информираат дека била разбиена 14-члена организирана криминална група од Скопје.

“Криминалната група подолг временски период беше инволвирана во вршење кривични дела од областа на недозволената трговија со дрога. Основаните сомневања се дека организаторот на криминалната група, преку нејзините припадници, вршел дистрибуција и улична продажба на наркотична дрога директно до корисниците.

Извршени се претреси кај 16 лица, на вкупно 21 локации на подрачјето на Скопје и на Гевгелија. При претресите, пронајдени се и одземени се поголем број разни предмети за кои ќе биде извршено форензичко вештачење. Полицијата им поднесе кривични пријави за трговија со дрога на десет осомничени, а судот на предлог на Јавниот обвинител им одреди мерка притвор, тројца се во бегство”, стои во соопштението.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*