Македонското Собрание на 16 ти јануари ја констараше оставката на пратеничката Илире Даути од функцијата претседател на собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади.
Таа денеска на собраниска седница ја образложи својата неотповиклива оставка по изгласувањето на нејзината интерпелација минатиот петок. Пред да ја образложи оставката, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја напуштија собраниската сала.
Даути која доаѓа од опозициската Алијанса за Албанците во својот говор во Собранието, истакна дека си ја исполнила својата работна задача според Деловникот.
“Ова е врвот на срамот што се случил во Собранието и е директна закана кон еден избраник од граѓаните, како и држење под контрола на истиот. Моето дејствие за ставање на Законот за бранители е врз основа на членот 3, кој подразбира дополнителни услови како да дејствуваат институциите. Нема да прифатам различни услови на дејствување надвор од Деловникот”, рече Даути.