Обвинителство: Дрин Ахмети е повикан за концесија, а не за случајот Соравија

Дрин Ахмети, внукот на лидерот на ДУИ Али Ахмети, бил на распит во обвинителството само во врска со кривичната пријава на МВР за оштетување на буџетот преку неуредно плаќање на концесија, а не и за случајот Соравија.

Оттаму за Канал 5 потврдуваат дека во скопското обвинителство бил повикан во ноември а се врши распит и на други лица. Освен Дрин Ахмети, кривичната на МВР е против и неговиот брат, Бесијан Ахмети но и уште седум други лица.

За случајот Соравија кој е во предистрага во обвинителството за организиран криминал, Дрин Ахмети досега не бил повикан да даде исказ.

“Заради утврдување на релевантни факти од важност за предистражната постапка се чека постапувањето на властите на САД по замолницата за меѓународна правна помош. По наредба на предметниот обвинител во МВР се врши анализа на дел од прибраната документација а се преземаат и други истражни дејствија”, велат од обвинителството.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*