Вработените во Инспекторатот добиваат гаранции од советникот на премиерот за проблемот со платата

Потпретседателот на независниот синдикат на Државниот инспекторат за труд Љуљзим Фаризи објаснува дека платите доцнат поради нетрансформирање на нивните договори откако бил укинат инспекцискиот совет, а инспекторатите се префриле во состав на министерствата, за што од Владата добиле уверување дека до утре ќе има соодветно решение.

“Од советникот на премиерот имаме гаранции дека денеска до утре ќе имаме одговор на тоа како побрзо да се реши статусот на вработените во инспекциските служби се со цел да добиеме побрзо плата и да се трансформира работниот однос”, изјави Фаризи.

Фаризи ова го изјави по средба на Независниот синдикат на државната администрација со претставник од Владата на која тие ги претставиле своите забелешки околу новиот Законот за државни службеници.

На средбата меѓудругото се разговарало и за додатоците на плата, решавање на статусот на вработените во инспекциските служби и менување на правилникот за дежурства во судската служба. Претставниците од синдикатот изјавија дека се задоволни од средбата, по која било договорено да имаат вакви состаноци на месечно ниво.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*