Поднесена кривична пријава против Агенцијата за разузнавање за незаконско следење поединци, меѓу кои и тогашниот опозициски лидер Мицкоски

Кривична пријава е поднесена против Агенцијата за разузнавање поради незаконско следење на поединци, меѓу кои и на премиерот Христијан Мицкоски во 2020 година.

Поранешен вработен во Агенцијата за разузнавање ги пријавил овие активности, кои се случиле во јули 2022 година. Истражувањето, кое е споено со друга истрага за незаконски активности на тајните служби, е во тек, а обвинителството собира доказни материјали од надлежните институции.

Агенцијата за разузнавање нема законско овластување за следење на домашен терен. Тоа го прави АНБ под одредени услови. Истрагата ќе ги разјасни наводите и ќе утврди дали биле прекршени законите за приватност и безбедност.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*