Втор ден протест на вработените во 7 министерства и во два државни органи, поради одбивањето на Министерството за финансии да ги прифати Предлог- колективните договори со кои додатоците на платите би им се зголемиле за 30%.
А, главниот протест се одржа пред Министерството за култура и туризам, чии вработени и пред 2 години го кренаа гласот за истиот проблем. Тие денеска ја повикаа владата и премиерот, да не дозволат нерамноправен третман на овие со вработените во другите институции кои добија покачување на платите за 30%. А, од УПОЗ ја повикаа владата побргу да почнат преговори за изнаоѓање заеднички прифатливо решение на проблемот.
Одговарајќи на новинарски прашања Деаноски кажа дека до сега двапати присуствувале на Економско-социјалниот совет, но кога прашале за зголемување на платите им било кажано дека се предвидени средства, сагласно законот и Општиот колективен договор, што сега не се спроведува и дека во поедини министерства вработените што протестираат биле изложени на притисоци да не протестираат.
Но, за кои министерства се работи, Деаноски рече дека ќе обелодени до петок.