Крилото на Алијанса за Албанците на чело со Села вели дека спикерот Гаши треба да го укине заклучокот за Даути

Крилото на Зијадин Села на Алијанса за Албанците попладнево преку соопштение нагласија дека претседателот на Собранието Африм Гаши треба да го укине заклучокот по интерлепацијата за пратеничката и претседателка на собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади Илире Даути.

“Африм Гаши и оние кои влегле во оваа игра го знаат нашиот услов, кој го соопшти и самата пратеничка Илире Даути. Тие мора прво да го укинат неправедниот заклучок и со истите гласови да ја реизберат г-ѓа Даути за претседател, за да може да дејствува слободно, без цензура и без диктат, како што и секој човек заслужува да има загарантирани услови при вршењето на својата работа”, се наведува во соопштението на АА.

Посочуваат дека Алијансата за Албанците и Европски фронт стојат зад изјавата на Даути.

“Цениме дека таа ја вршела својата работа одговорно и согласно Деловникот и затоа бараме да се укине заклучокот инициран од Левица, а предложен од Гаши”, велат од АА.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*