ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ денеска се судрија за Институтот за јавно здравје. Интегративците ја обвинија директорката Андоновска дека, наводно, спроведувала дискриминаторска политика против Албанците во оваа институција, каде бил инициран вонреден инспекциски надзор.
ДУИ ова го толкува како обид да се разрешат Албанци од раководни позиции. Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, тврдат дека Андоновска спречила членови на ДУИ и на СДСМ да седат дома, да не доаѓаат на работа, а да земаат плата.
„Спроведен е вонреден инспекциски надзор зашто вработената администрација не полагала административен испит, иако законски требало“, појаснуваат од ВМРО-ДПМНЕ, од каде што додаваат дека во Институтот за јавно здравје е зголемен обемот на работа, зајакнати се протоколите и се спречени одливи на средства.